Навивачите на домашниот тим протестираа против сопственикот на клубот
Навивачите на Манчестер Јунајтед насилно влегоа на „Олд Трафорд“ пред дерби – натпреварот од 34. коло во Премиер лигата против Ливерпул.
Натпреварот треба да започне во 17:30 часот, но најверојатно ќе доцни. Навивачите на домашниот тим протестираа против сопственикот на клубот, семејството Глејзер.

Медиумите во Британиа јавуваат дека полицијата успеала да ги избрка навивачите од стадионот откако им соопштиле на сопствениците што мислат за нивната работа. Протест претходно имаше и пред хотелот во кој беа сместени фудбалерите на Јунајтед.