На прес-конференцијата по завршувањето на Советот за општи работи, актуелниот претседавач со ЕУ, романскиот министер за европски прашања Георге Циамба, на новинарско прашање објаснуваше дека одлуката за С. Македонија била донесена во тензични преговори и дека вчера малкумина се сомневале дека компромис воопшто бил можен. „Можеби не дојдовме до историска одлука за отворање преговори, но на крајот не усвоивме нешто што би ја успорило одлуката во октомври“ – рече Циамба.

-Што се случи со амбицијата на претседателството да се добие охрабрувачки заклучок што би звучел како „зелено светло“ за С. Македонија? Како завршивте со исти заклучоци за двете земји кога неколку земји-членки прават јасна разлика меѓу нив (С. Македонија и Албанија)?
-Прашање до комесарот, можеби вчера не забележавте. но вие се рефериравте само на една земја пред министерскиот состанок за надворешни работи, а тоа беше само С. Македонија. Дали тоа значи дека вие веќе се решивте за одвојување на двете земји?
Прво, треба да бидеме фер и да кажеме дека денеска реализиравме повеќе отколку што вчера сметавме дека е можно. Второ, го наведовме нашето ценење на Договорот од Преспа, тоа е важно да се напомене и на некој начин ова е одговор на вашето прашање. Трето, сметам дека е важно дека земја како нашата денеска беше во можност да изнајде консензус за некои од прашањата кои не беа лесни. Вчера, некои од земјите-членки не би се согласиле да има потенцирања, но сепак ги задржавме во заклучоците. Така што, би рекол дека ги задржавме, можеби не дојдовме до историска одлука за отворање преговори, но на крајот не усвоивме нешто што би ја успорило одлуката во октомври.
изјави романскиот министер за европски прашања Георге Циамба, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
Воопшто не. Но, најверојатно се уште сум под влијание на тој позитивен шок дека таков конфликт може да биде надминат и затоа го споменав. Но, тоа треба да служи како мотивација за другите.
одговори еврокомесарот Јоханес Хан.