По неизвесноста околу веродостојноста на соопштението на групата, ослободувањето на двајцата заложници го потврдија од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Египетските медиуми, исто така, објавија дека двајцата заложници стигнале до преминот Рафах, меѓу јужниот дел на Газа и Египет. Групата претходно во петокот ослободи двајца заложници со американско државјанство по преговори со посредство на Катар
Хамас соопшти дека денеска ослободила уште двајца од заложниците што ги држи во Газа, јави Ројтерс.

По неизвесноста околу веродостојноста на соопштението на групата, ослободувањето на двајцата заложници го потврдија од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
Оттаму, преку објава на социјалната мрежа „Икс“, соопштија дека помогнале во ослободувањето на заложниците кои ги држеше Хамас.
Во соопштението, од Меѓународниот комитет на Црвениот крст се наведува дека вечерва ги транспортирале двајцата заложници од Газа.
„Нашата улога како неутрален посредник ја овозможува оваа работа и подготвени сме да го олесниме секое идно ослободување. Се надеваме дека тие наскоро ќе се вратат кај своите најблиски“,
се вели во објавата на МКЦК.
? We facilitated the release of 2 more hostages, transporting them out of #Gaza this evening.
— ICRC (@ICRC) October 23, 2023
Our role as a neutral intermediary makes this work possible & we are ready to facilitate any future release.
We hope that they will soon be back with their loved ones.
Египетските медиуми, исто така, објавија дека двајцата заложници стигнале до преминот Рафах, меѓу јужниот дел на Газа и Египет, преку кој деновиве пристига хуманитарната помош за Газа.
Ослободувањето на двајцата заложници доаѓа откако израелските медиуми повикувајќи се на свои извори објавија дека е на повидок договор за ослободувње на уште 50 заложници на Хамас со двојно државјанство. Сепак, потврда за ослободување на поголем број заложници засега нема.
Групата претходно во петокот ослободи двајца заложници со американско државјанство по преговори со посредство на Катар.
Хамас држи најмалку 200 заложници во Газа.
Инаку, Хамас денеска соопшти дека двајцата заложници се ослободени на „хуманитарна основа“. Според групата, станува збор за две израелски жени, кои се именувани како Нурит Јицак и Јохвед Лифшиц.
Портпаролот на вооружените бригади Ал Касам на Хамас, Абу Обаида, како што пренесе Ројтерс, изјавил дека одлуката за ослободување на две жени била донесена од хуманитарни причини и поради нивната лоша здравствена состојба.
Тој додал дека групата се обидела да ги ослободи во петокот, обвинувајќи го Израел дека одбил да ги прими, пренесува Би-би-си.
Египетската ТВ мрежа Ал Кахера објави видео во кое се вели дека се ослободени заложниците на Хамас, Нурит Јицак и Јохвед Лифшиц кои се префрлени од возило на Црвениот крст во египетските амбулантни возила на граничниот премин Рафах со Газа.
عبر وساطة مصرية.. #القاهرة_الإخبارية تنفرد حصريا بنشر فيديو وصول السيدتين المحتجزتين إلى #معبر_رفح#تضامنا_مع_فلسطين #من_غزة_هنا_القاهرة#فلسطين pic.twitter.com/g9zCUtP9a0
— AlQahera News (@Alqaheranewstv) October 23, 2023
Кратко по објавувањето на информацијата за ослободувањето на заложниците американскиот претседател Џо Бајден го напуштил настанот на кој присустувал бидејќи бил потребен во Собата за кризни ситуации во Белата куќа, пренесува Гардијан.
Имено, на крајот на настанот за промовирање на неговата економска политика, Бајден ненадејно си заминал, велејќи им на присутните дека мора да оди во Собата за кризни ситуации.
Иако не е потврдено, состанокот во оваа просторија наводно е поврзан со ослободувањето на заложниците.
Инаку, за време на настанот американскиот претседател бил прашан во врска со можноста за прекин на огнот во Газа, на што тој одговорил:
„Треба да ги ослободиме заложниците и потоа можеме да разговараме“.
? Biden left a Bidenomics event immediately after his remarks saying he was needed in the Situation Room pic.twitter.com/kdl1y7sv2k
— Jennifer Jacobs (@JenniferJJacobs) October 23, 2023