Како што пренесува Би-би-си, ракетни сирени се огласиле и во други градови и населени места, вклучувајќи ги Херцлија и Петах Тиква. Израелските медиуми објавија снимка од фрагменти од проектил во градината на зграда во Херцлија. На друго видео се гледа голем кратер, кој, како што пишува Би-би-си, очигледно е создаден од ракета на отворен простор во близина на централниот град Кфар Саба
Голем ракетен напад е извршен врз израелскиот град Тел Авив. Во градот постојано се огласуваат и сирени кои предупредуваат за можни напади. Како што пренесува и Би-би-си, ова денеска го соопштило вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал Касам на својот канал на Телеграм, посочувајќи дека ракетите биле лансирани како одговор на, според нив, ционистичките масакри на цивили.
Според последните информации, немало пријавени жртви. И израелската итна медицинска помош соопштила дека нема извештај за жртви од нападите.

Телевизијата Ал Акса на Хамас јави дека ракетите биле истрелани од Појасот Газа.
Според израелската армија, најмалку осум ракети биле лансирани од областа Рафах во јужниот дел на Газа, а неколку биле пресретнати.
Tel Aviv vuruluyor.
— Ramazan Selimoğlu (@selimoluR) May 26, 2024
Kassam Tugayları’nın füzeleri nedeniyle Tel Aviv yakınlarındaki Bnei Brak şehrinde yangın çıktı.
İlk bilgilere göre 3 İsrailli yaralandı.#KassamTugayları Ebu Ubeyde Hamas
Allahu Ekber #Pazar #Telaviv #Israel pic.twitter.com/U7wAV1EDen
Денешниот ракетен напад е прв во последните четири месеци врз израелски град.
Како што пренесува Би-би-си, ракетни сирени се огласиле и во други градови и населени места, вклучувајќи ги Херцлија и Петах Тиква. Израелските медиуми објавија снимка од фрагменти од проектил во дворот на зграда во Херцлија. На друго видео се гледа голем кратер кој, како што пишува Би-би-си, очигледно е создаден од ракета на отворен простор во близина на централниот град Кфар Саба.
Ракетните напади се случуваат во време кога израелската армија го интензивира нападот врз Рафах, и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека мора веднаш да ја прекине својата офанзива низ Газа.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече наредбата на МСП морално одвратна.
Израел ја започна својата офанзива во Газа откако вооружени лица од Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври минатата година, убивајќи околу 1 200 луѓе, а чувајќи 252 лица како заложници.
Според Министерството за здравство на Газа управувано од Хамас, оттагаш се убиени најмалку 35 800 Палестинци.