Муслиманските верници денеска го одбележуваат празникот Рамазан Бајрам. По едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и појалоци од изгрејсонце до зајдисонце, утрово во џамиите се служи Бајрам-намаз.

Поради опасност од ковид-19 празнувањето треба да биде со посебни мерки на заштита.
Во џамијата во Куманово што ја посети екипата на „360 Степени“ делумно се почитуваа мерките и не секој верник носеше маска и одржуваше дистанца.
Обавувањето на намазот траеше само 15 минути, како што беше препорачано во мерките на ИВЗ. Освен заштитна опрема и држење дистанца, препораките беа и секој верник да носи лично сеџаде и да се избегнат поздравите со физички контакт.
Баклавата и слатките пак, кои се синоним за Фитр Бајрам препорачано е да се служаат само на потесниот дел од семејството.
Со цел да се спречат поголеми собири, од 11 часот на сила ќе биде полициски час.