Најмалку пет населби во предградието на Атина се превентивно евакуирани, а жителите на уште две населби добиле порака од бројот за итни случаи да ги напуштат нивните домови, откако шумскиот пожат излегол од контрола и се шири се кон станбениот дел, јавија грчките медиуми.

Се работи за населби во областа Сароникас, при што на некои од жителите на населбите Агиос Пантемејмонас и Арис Саронидас им се препорачува да одат кон блиската плажа Палеа Фокеа.
Високите температури и силниот ветер се причина за брзо ширење на огнот, поради што во опасност се доведени неколкуте населби во областа, источно од Атина.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 117 пожарникари со седум тима и 35 возила, пет авиони и осум хеликоптери, а помагаат волонтери и цистерни од општината.

Во предградието во источниот дел на Атика и во поширокиот дел на Атина прекинат е сообраќајот на голем дел од улиците и булеварите.
На социјалните мрежи веќе се појавија видеа од состојбата во областа.