Во Хуе, некогаш царски град, улиците се поплавени, а жителите се движат со чамци. Нема електрична енергија, а училиштата се затворени. Армијата мобилизираше повеќе од 6 000 војници за евакуација на 3 238 жители на Хуе
Најмалку девет лица загинаа, а пет се водат како исчезнати во силните поплави во централен Виетнам, соопштија виетнамските власти. Најмалку 11 лица се повредени, соопшти виетнамската агенција за цивилна заштита.

Според националниот метеоролошки центар, обилни дождови продолжија да паѓаат во централните делови на земјата во понеделник, особено во туристичките дестинации како што се Хуе, Да Нанг и Хој Ан. Градовите Хуе и Да Нанг очекуваат повеќе од 400 мм дожд денес, со што вкупните врнежи од дожд во регионот во изминатите два дена достигнаа 1 600 мм.
„Дождот треба да се намали утре, но нивото на водата сè уште е многу високо и се очекува да се повлече за два дена“,
изјави за ДПА локалниот жител Хоанг Нго Ту До.
🇻🇳 The former imperial city of Hue found itself flooded after record rainfall in #Vietnam. Nearly two metres of water fell in just 24 hours – a record that had been standing since 1999. pic.twitter.com/z37CqVIpBk
— FRANCE 24 English (@France24_en) October 28, 2025
Во Хуе, некогаш царски град, улиците се поплавени, а жителите се движат со чамци. Нема електрична енергија, а училиштата се затворени. Армијата мобилизирa повеќе од 6 000 војници за евакуација на 3 238 жители на Хуе.
Крајбрежниот град Хои Ан, познат по своите шарени фенери и место на светското наследство на УНЕСКО, е делумно под вода до колена.
