Според неофицијални информации од локални медиуми, во пожарот гореле опасни хемикалии и специјален отпад
Во индустриската зона во местото Губашево, во близина на градот Забок во Хрватска, синоќа околу 23 часот избил голем пожар во објект на компанијата „CIAK“, која има свои има хали и погон за рециклирање батерии и акумулатори. Околу 60 пожарникари од јавната противпожарна служба од Загорје и осум доброволни друштва на терен го гаселе пожарот, а полицијата издаде препораки за граѓаните кои живеат во близина на хангарите, да ги затворат прозорците поради густиот и темен чад.
Градоначалничката на Забок, Валентина Ѓурек, по избувнувањето на пожарот изјави дека состојбата изгледа сериозно и оти се слушале и експлозии, а властите ќе ги чекаат резултати од мерењата на воздухот за да утврдат дали постои ризик за здравјето на населението.
Според неофицијални информации од локални медиуми, во пожарот гореле опасни хемикалии и специјален отпад, што дополнително ја отежнала работата на пожарникарите. Причината за пожарот сè уште не е потврдена, а во меѓувреме продолжува гаснењето на пожарот.
