На една од снимките објавена на социјалните мрежи се гледа како еден од туристите го удира рецепционерот, кој паѓа на подот
На новогодишната ноќ група туристи од Виена го демолирале хотелот „Краун плаза“ во Белград, пренесува српски „Блиц“.
Инцидентот се случил откако вработените во хотелот ги предупредиле дека не можат да користат дрога на масата на која се славеле, по што туристите се налутиле и почнале да го кршат инвентарот и да се тепаат со секој што им се нашол на патот.

Го демолирале инвентарот во хотелот и ги гаѓале гостите. Обезбедувањето веднаш реагирало.
„Има и повредени, а дел од нив се од обезбедувањето. И надвор од хотелот се гаѓаа со камења“,
пишуваат српските медиуми.
Tuča u Crown Plazi zbog kokaina pic.twitter.com/luaFbgrFWj
— larakorft (@larakorft1) January 2, 2025
На една од снимките објавена на социјалните мрежи се гледа како еден од туристите го удира рецепционерот, кој паѓа на подот.