Лидерот на „Алтернатива“, Африм Гаши, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за иницијативата за опозициска коалиција во албанскиот блок и заеднички настап на парламетарните избори.
Гаши кажа дека имаат соработка со Алијанса за Албанците на Зијадин Села.
„Не сум ги броел, но имало најмалку две средби во многу релаксиран амбиент, сме разговарале долго и опширно за работите во минатото, сега и во иднината како би функционирале. Мислам дека има добар амбиент и не е само тоа дека моите односи со г. Села се позитивни, има позитивни односи меѓу нашите партиски органи, но и меѓу структурите и граѓаните. Тоа е пожелна коалиција“,
вели Гаши.
Тој вели дека треба да се направи победнички а не широк фронт.
„Поважно е да имаме победнички фронт, победничка коалиција или комбинација отколку да внесеме многу партии со сомнителна позадина за кои сметаме дека можат да ја нарушат коалицијата или гласачкиот ефект. Алијансата за Албанците имаше такво искуство во 2016 година, се собраа три партии заедно и веднаш по изборите тие двете други партии испарија. Концепциски сметам дека е многу поважно да направиме победничка комбинација и тоа најдобро може да се докаже од податоците кои ги правиме за време на анализите, анкетите, па и во контакт со граѓаните. И јас сметам дека тоа е најдобрата и најправедната перцепција што може да се создаде и на крајот, се разбира дека коалицијата не зависи од еден фактор, ќе треба сите да се согласуваме со еден таков концепт и доколку постигнеме согласност мислам дека ќе биде добра вест за Албанците. Сметам дека 12 април ќе биде историски датум за Албанците “,
вели Гаши.
Гаши зборуваше и за можноста за коалиција со СДСМ.
„Тоа е една тема која сме ја разговарале и во партија, и во јавноста се зборува дека може да се случи такво нешто, но ние сме во фаза на размислување или анализа, и СДСМ ја прави истата работа, и ние исто така, толку повеќе што ние моментално сме заинтересирани коалицијата да се направи во албанскиот блок за да добиеме кај Албанците, доколку претрпуваат неуспех сите овие, може да остане како варијанта таа анализа, но откако ние ќе бидеме убедени дека Албанците прифаќаат такво нешто. Ние сакаме да знаеме како би се однесувале тие во однос на една таква коалиција. Ова е важно, на крајот на краиштата ние постоиме заради граѓаните, ако тие сакаат таква коалиција, ако според анкетите, анализите се констатира дека тоа е за доброто на Албанците, на државата, граѓаните, ние сме таму за да донесеме храбри одлуки. Мене не ми пречи таквата храброст, но ние треба да бидеме и убедени, затоа кога ги среќаваме граѓаните секоја ноќ во кампањата Огниште, која ја спомнав претходно, ние ги дискутираме и овие работи. Јас сакам да ги гледам во очи граѓаните, и од нив да го добијам одговорот како се чувствуваат, што сакаат. Тоа што го имам како фидбек досега е дека за Албанците побезбедно се чувствуваат во една албанска коалиција, но има поединци, места, зависно и од живеалиштата дали се етничко мешани иле не, се разликува и одговорот“,
вели Гаши.