Поради генералната проба, неколку улици во центарот на Скопје од утрово од 7:30 часот се затворени за сообраќај. Така ќе биде до 12:30 часот, а попладнето, од 15:30 до 20 часот, тие повторно ќе има посебен сообраќаен режим
Во центарот на Скопје во тек е генералната проба за централната прослава што треба да се одржи на 8 Септември – Денот на независноста, по повод 30 години независност на државата.
На генералната проба утрово можеше да се забележи параден марш на Армијата и дефиле на оклопни транспортери, што ќе биде дел и од прославата закажана за во среда.
Се очекува на централната манифестација да се претстават и единици од МВР, пожарникари, културно-уметнички друштва итн. Предвидени се и обраќања на шефот на државата, Стево Пендаровски, и премиерот, Зоран Заев, а видео-порака ќе има и претседателот на Собранието, Талат Џафери.






Поради генералната проба, неколку улици во центарот на Скопје од утрово од 7:30 часот се затворени за сообраќај. Така ќе биде до 12:30 часот, а попладнето, од 15:30 до 20 часот, тие повторно ќе се затворат поради што во централното градско подрачје има и посебен сообраќаен режим.
Станува збор за:
- Бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“;
- Ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“;
- Ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11 Октомври“;
- Кеј „13 – ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“;
- Ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“;
- Ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“;
- Ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11 Октомври“.