Неколку илјади француски уметници денеска низ улиците на Париз протестираа пред затворените театри, настапувајќи и барајќи од владата да им дозволи да работат.
Демонстрантите продефилираа покрај затворената оперска куќа во центарот на Париз со џиновски танцувачки кукли, тапани и труби, со цел да го свртат вниманието на суштинската важност на културата, дури и за време на пандемија, пренесуваат тамошните медиуми.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека театрите може повторно да се отворат од 15 декември, но тоа беше променето поради влошувањето на епидемиолошката состојба.
Како што пренесуваат француските медиуми, можното отворање на културните институции засега е одложено за во јануари.
