Во Брисел утрово започна првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ.
Македонската делегација ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, кој отворачката изјава ќе ја даде на македонски јазик.
Непосредно пред меѓувладината конференција, Ковачевски имаше средба и кратки изјави со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот на Чешка, Петр Фиала, и албанскиот премиер Еди Рама која ја предводи делегацијата на Албанија која исто така денеска ќе ја има првата меѓувладина конференција.
Во македонската делегација предводена од Ковачевски се и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, како и други високи владини претставници.