Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид
Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије во текот на попладневните часови денеска пристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот г.г. Стефан.
Утре Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.








Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид.
Делегацијата на СПЦ беше пречекана од Архиепископот г.г. Стефан и Митрополитот Тимотеј.
На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.