На оваа седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби
Од денеска, 1 јуни се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група, а останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.
Исто така, се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители, се укинува забраната за групирање на јавен простор, се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса, се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата, се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина, а
продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15 јуни годинава.
Ова е една од одлуките која ја донесе Владата на денешната седница, која се одржа со физичко присуство на членовите и службите во Владата.
На оваа седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.
Владата денеска го прифати барањето на Одбојкарската федерација на Македонија претстојниот финален турнир од Европската сребрена лига за мажи, кој на 5 и 6 јуни ќе се одржи во Спортската сала „Парк“ во Струмица и на кој ќе учествуваат националните селекции на Северна Македонија, Данска, Хрватска и Унгарија, да се организира со присуство на публика со исполнет капацитет не повеќе од 30%, и со дистанца од 1,5 метри меѓу секој гледач.



