На терен се шест протвпожарни возила и три возила на ЈП „Комунална хигиена“
Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Владимир Симоновски изјави дека нема ни жртви ниу повредени, а за причините вели дека е можно да се бездомниците кои повремено седат таму или старата инсталација
Оштетен е еден од објектите на „Томче Софка“ (апартман“, а среќа во несреќа е што кујната на ресторанот е од другата страна, каде имало и плински боци
Доцна попладнево е локализиран пожарот што нешто пред 16 часот избувна во бараките каде што порано беше сместен Судот за прекршоци кај Градскиот парк.
На терен се шест протвпожарни возила и три возила на ЈП „Комунална хигиена“. Паралелно со гаснење на пожарот, пожарникарите сечеа и дел од гранките за да спречат и тие да бидат зафатени од огнот и пожарот да се прошири.
Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Владимир Симоновски изјави дека нема ни жртви ниу повредени, ниту пак некоја голема материјална штета. Оштетен е еден од објектите на „Томче Софка“ (апартман“, а среќа во несреќа е што кујната на ресторанот е од другата страна, каде имало и плински боци.
„Во 15 и 50 часот добивме пријава за запалена барака која не е функционална 3-4 години, а е направена од лесно запалливи материјали – шперплочи, ламперија. Нема ни повредени, ни жртви, а нема ни голема материјална штета“,
рече Симоновски.
За причините за пожарот вели дека сега не може да каже сега, но како можни ги наведе бездомниците кои живеат таму или искрења од старата инсталација.