Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ оцени дека земјава е далеку од италијанско сценарио каде на почетокот на епидемијата немаше место во болниците со оглед на тоа што инфективните одделенија низ државава веќе се полни.
„Има разлика помеѓу исполнет болнички капацитет за луѓе на коишто им е потребна респираторна машина и тие на коишто не им е потребна респираторна машина. Во овој момент во болницата 8 Септември четворица пациенти се наоѓаат на респиратор. Има сосем доволен број на слободни кревети во одделите за интензивна нега, но има се повеќе пациенти коишто имаат лесна или средна форма коишто бараат хоспитализација, но тоа се сепак пациенти коишто може да се префрлат од едно на друго место. Кога станува збор за пациент којшто е во навистина тешка форма и е респираторно зависен, потребно е да се приклучи на респиратор, тогаш веќе тука точно се знаат местата во нашите болници коишто може да се исполнат“,
вели Филипче.
Во однос на лекарите и медицинскиот персонал, вели дека функционира системот на ротација.