Сите изнесни предлози и препораки, кажа тој, ќе се сублимираат и ќе бидат тема на следните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор, а целта, како што посочи ќе биде врз основа на нив да се утврди дали е потребно да се направат дополнителни измени на Статутот на СДСМ и во делот на креирањето на политиките
Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на СДСМ рече дека на Конгресот се дискутитрало и за членовите на партијата кои отворено искажуваат незадолство кон актуелното раководство на социјалдемократите
Усвоен е извештајот за локалните избори во 2025 година и се изгласа доверба на сите партиски тела и од тој аспект може да се каже дека имавме успешен Конгрес. Ова по петчасовна дискусија на 31. партиски Конгрес, која се одвиваше зад затворени врати, го кажа претседателот на Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, додавајќи дека дебата била одлична и сите пофалби, како и критики биле изнесени во конструктивен и добронамерен тон.

На состанокот, како што кажа тој, била изгласан доверба актуелното раководство на партијата, односно на Централниот и на Извршниот одбор, а поддршка од присутните делегати добила и заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска-Пановска.
„Од аспект на дискусија, од аспект на предлови, од аспект на совети, забелешки и критики, од аспект на пофалби бил рекол дека (Конгресот) беше многу успешен, затоа што имавме одлична дебата, многу дискутанти и секој и сечие мислење беше конструктивно, добронамерно – и критиките и пофалбите“,
рече Филипче во изјава за медиумите по завршувањето на Конгресот.
Сите изнесни предлози и препораки, кажа тој, ќе се сублимираат и ќе бидат тема на следните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор. Целта, посочи Филипче, ќе биде врз основа на овие препораки и предлози да се утврди дали е потребно да се направат дополнителни измени на Статутот на СДСМ и во делот на креирањето на политиките.
„Така што, многу сум задволен од денешниот состанок“,
рече лидерот на СДСМ.
Прашан од новинарите дали на Конгресот се дискутирало и за членовите на партијата кои отворено искажуваат незадолство кон актуелното раковдство на социјалдемократите, Филипче рече дека се разговарало за многу работи, меѓу кои и за тоа.
„Се дискутираше и за тоа. Се дискутирапе и за огромниот број членови, наши симпатизери и поддржувачи коишто за тие луѓе што денес ја критикуваат партијата, трчале и давале поддршка за време на нивните предизборни кампањи, за разочараноста на тие навистина верни членови кои без никаков бенефит ги поддржжувале овие наши поранешни функционери. Тие биле во партијата и пред тие да бидат на функција и за време на нивните мандати, а и сега се тука како искрени и чесни членнови. Така што се зборуваше за сите аспекти“,
изјави лидерот на СДСМ.
Имено, 31. Конгрес на СДСМ дојде во период на вжештена внатрепартиска атмосфера, откако поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов неделава излезе со критики до раковдството на партијата во кои порача дека со промена во врвот социјалдемократите лесно би можеле да ја поразат ВМРО-ДПМНЕ на избори.
Тој во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, говорејќи за конгресот рече дека до делегатите и до општинските организации не биле доставени конгресните материјали, предлог-заклучоцци и предлог-политичките одлуки што треба да се разгледаат и да се усвојат.
Конгресот доаѓа во период на вжештена внатрепартиска атмосфера, но главните критичари Петре Шилегов и Јован Деспотовски не се меѓу 740 делегати кои се поканети на конгресот. Поранешниот градоначалник на Скопје и член на СДСМ, Петре Шилегов, обвини дека не се испочитувани процедурите за свикување.
Против актуелното раководство на партијата е поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски, за кого, по неколкуте јавни настапи, од Бихаќка кон крајот на минатата година соопштија дека ќе бараат од надлежните партиски органи негово исклучување од партијата.
Шилегов и Деспотовиски не беа меѓу 740 делегати кои добија покани за денешниот Конгрес.
Во своето обраќање на почетокот на Конгресот, Филипче говореше и упати порака до, како што ги нарече, оние што планираат да бидат „тројански коњ“ на ВМРО-ДПМНЕ и да ја поткопуваат партијата однатре, да си заминат веднаш.
„Тоа време завршува, денес ставаме точка на разединувањето, СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас – е добредојден, вистински, искрено, братски, но, кој планира да не поткопува однатре, да биде тројански коњ на ВМРО или други интересни групи, нека си замине веднаш, немаме време за предавства и немаме луксуз за суети, Или сме заедно во оваа битка за живот и смрт на демократијата – или не сме ништо. Јас бирам борба, искрена, силна и чесна“,
рече Филипче во обраќањето пред затворениот дел од Конгресот.

Тој ја критикуваше и актуелната власта, која, како што кажа, во последните две години донела брутално отрезнување, дека ветиле гордост, а го донеле народот до питачки стап, дека ветиле реформи, а направиле грабеж од епски размери. Кажа дека премиерот не смее да стави потпис на ниту една одлука без одобрение од неговите „газди“.
На неговот обраќање реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде рекоа дека лидерот на СДСМ во него не објаснил зошто СДСМ е петта партија во Скопје, а трета во Македонија и не се оградил и не кажал лош збор за неговиот ментор – Зоран Заев.
