Експлозии одекнале речиси истовремено на неколку локации во градот. Главните цели наводно се „Ла Карлота“, воздухопловна база во самиот центар на градот и „Фуерте Тиуна“, главната воена база во Каракас
Главниот град на Венецуела, Каракас утрово е погоден од силни експлозии, а забележани се и борбени авиони што летаат ниско, пренесува Си-ен-ен. Според извештаите на светските агенции и сведоштвата на социјалните мрежи, во тек е воздушен напад врз клучни воени цели во Каракас.

На видеата што кружат на интернет се гледа како густ чад се издигнува над градот, додека јужниот дел на Каракас остана без струја.
Експлозии одекнале речиси истовремено на неколку локации во градот. Главните цели наводно се „Ла Карлота“, воздухопловна база во самиот центар на градот и „Фуерте Тиуна“, главната воена база во Каракас.
Kahrolsun savaş yanlısı Amerika #Venezuela #savaş pic.twitter.com/nOS7eJn9eg
— cengiz dönmez (@Cengiz58i) January 3, 2026
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата.
Владата на Венецуела ги повика сите општествени и политички сили да ги активираат плановите за мобилизација.
Ова доаѓа во време кога американската војска гаѓаше бродови за кои вели дека пренесуваат дрога, но и кога Соединетите Американски Држави (САД), под водство на Доналд Трамп, значително го зголемија своето воено присуство во регионот распоредувајќи носачи на авиони и воени бродови во Карипското Море.
Трамп неодамна најави блокада на венецуелската нафта и ја овласти ЦИА да дејствува внатре во Венецуела, оправдувајќи ја постапката со борбата против трговијата со дрога и илегалната миграција.
Вашингтон тврди дека Николас Мадуро е нелегитимен претседател, кој е директно поврзан со наркокартели.
Си-би-ес њуз објави дека сè уште нема официјална потврда за директно учество на американските сили во овие напади.
За потсетување, Мадуро пред само неколку дена во новогодишно интервју изјави дека е отворен за преговори со САД, истовремено предупредувајќи дека Вашингтон сака насилно да ја преземе контролата врз венецуелската нафта.
Во САД венецуелскиот претседател е обвинет за наркотероризам.
Американскиот претседател Доналд Трамп со месеци се заканува дека наскоро би можел да нареди напади врз копнени цели во Венецуела.
Претседателот на соседна Колумбија, Густаво Петро, побара итна меѓународна реакција за бомбардирањето врз Каракас, посочувајќи дека Советот за безбедност на Обединетите нации мора веднаш да се свика итна седница.
