Од силните експлозии остатоци летале кон блискиот автопат што минува низ округот Ведел. Сообраќајот бил запрен во двата правци, а имало колони од возила што биле долги неколку километри

Голем пожар избувнал попладнево во индустрискиот дел на Хамбург, пренесува германскиот медиум ФАЦ.
Според информациите, горат неколку магацини, а густи, црни облаци од чад биле видливи низ целиот град.
Од противпожарната служба велат дека неколку лица се повредени, но точниот број сè уште не е познат.
Германскиот медиум јавува дека пожарот прво избувнал во салата на една бродска компанија, кога бил запален автомобил. Причината за пожарот сè уште не е разјаснета или официјално потврдена. Се тврди дека неколку садови со гас се запалиле, што потоа предизвикало експлозии и проширување на пожарот во друг магацин.
#BreakingNews
— Stefan K. (@Nighttiger1) August 25, 2025
Massive fire in #Hamburg! Thick black smoke clouds drifted over the southeastern neighborhoods in Hamburg. Several warehouses are burning. Explosions were heard repeatedly. 🔥 https://t.co/fsb5SOGwPN pic.twitter.com/bzyuqJnuQ0
Од силните експлозии остатоци летале кон блискиот автопат што минува низ округот Ведел. Сообраќајот бил запрен во двата правци, а имало колони од возила што биле долги неколку километри.
Првичните извештаи укажувале дека пожарот се проширил на погоните на металуршката компанија „Аурубис“, но оттаму подоцна со објава на Икс ги негираат овие информации.
На местото на настанот пристигнале голем број полициски и противпожарни екипи.
Пожарникарите првично имале тешкотии да пристапат до местото поради тоа што од експлозиите летале парчиња метал и остатоци.
Според ФАЦ, некои од нивните возила биле погодени од остатоци.
Противпожарната служба ги повика жителите да ја избегнуваат областа и да ги држат прозорците и вратите затворени.
Причината за денешниот пожар сè уште не е утврдена, а властите велат дека истрагата е во тек.