„Што вреди повеќе, уметноста или животот? Дали вреди повеќе од храната? Повеќе од правдата? Дали сте повеќе загрижени за заштита на слика или за заштита на нашата планета и луѓе?“, прашуваа екоактивистките истурајќи ја супата врз сликата
Сликата врз која беше истурена доматната супа во лондонската галерија е една од петте верзии на „Сончогледите“ на Ван Гог изложени ширум светот. Вредноста на сликата се проценува на речиси 84 милиони евра
Активисти од еко-организацијата „Сопрете ја нафтата“ (Just Stop Oil) истурија супа од домати врз ремек-делото „Сончогледи“ на Винсент ван Гог во Националната галерија во Лондон, пишува Гардијан.
Вредноста на сликата се проценува на 72,5 милиони фунти (речиси 84 милиони евра).

Активистките ги соблекоа јакните за да ги откријат маичките на кои пишува „Сопрете ја нафтата“ пред да ја истурат доматната супа врз уметничкото дело, кое е едно од највредните во галеријата.
„Што вреди повеќе, уметноста или животот? Дали вреди повеќе од храната? Повеќе од правдата? Дали сте повеќе загрижени за заштита на слика или за заштита на нашата планета и луѓе?“,
прашуваа активистките истурајќи ја супата врз сликата.
“What is worth more, art or life? … are you more concerned about the protection of a painting or the protection of our planet and people?”@JustStop_Oil’s activists explain their action pic.twitter.com/mGNZIO6RbK
— Damien Gayle (@damiengayle) October 14, 2022
Од организацијата наведоа дека истурањето на супата врз познатата слика е израз на протест поради високите трошоци за живот и климатската криза.
„Кризата на трошоците за живот е дел од нафтената криза, горивото е недостапно за милиони гладни семејства кои себеси не можат да си дозволат да загреат ниту една конзерва супа“,
велат тие.

Вработените во Националната галерија брзо ја расчистија просторијата.
Сликата врз која беше истурена доматната супа во лондонската галерија е една од петте верзии на „Сончогледите“ на Ван Гог изложени ширум светот.