Американскиот национален центар за урагани (НХЦ) соопшти дека ураганот Мелиса во моментов предизвикува катастрофални ветрови, поројни поплави и бури од бранови додека се движи над Јамајка

Еден од најсилните урагани досега, Мелиса, пристигна до југозападниот брег на Јамајка со ветрови што достигнуваат брзина до 300 километри на час, што го прави најсилна бура некогаш регистрирана што ја погодила земјата.
Досега се потврдени три смртни случаи.
Американскиот национален центар за урагани (НХЦ) соопшти дека ураганот Мелиса во моментов предизвикува катастрофални ветрови, поројни поплави и бури од бранови додека се движи над Јамајка.
BREAKING: Severe damage being reported in Black River, Jamaica as Category 5 Hurricane Melissa makes landfall.#Melissa #Jamaica
— Global News Network (@GlobalNews77) October 28, 2025
pic.twitter.com/iFlS85HlS8
Според најновите податоци, центарот на ураганот се наоѓа над западниот дел на Јамајка, откако го погоди копното во близина на местото Њу Хоуп и сега се движи кон североисток.
Брзината на ветерот се намали на околу 265 километри на час, што е малку помалку од 295 км/ч, колку што беше измерено во моментот на ударот на копното.
„Се очекува натамошно слабеење додека центарот се задржува над Јамајка. Сепак, ‘Мелиса’ ќе стигне до југоисточна Куба како исклучително опасен голем ураган, а ќе остане силен ураган и кога ќе пристигне до југоисточните Бахами“,
наведува НХЦ.
🚨🇯🇲#BREAKING | NEWS ⚠️
— Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 28, 2025
Watch as a rooftop from a building of the Savannah La
Mar public hospital was lifted and ripped off as hurricane Melissa is slamming the 🌀Jamaican island with 180 mph winds that is destroying the Jamaican Island. pic.twitter.com/8X9klEebp1
НХЦ предупредува дека ураганот Мелиса е сè уште исклучително опасен и животозагрозувачки и се советува населението да не ги напушта засолништата додека не помине окото на бурата. Метеоролозите предупредуваат дека ветровите може привремено да се смират додека минува окото, но брзо повторно ќе се засилат на другата страна, кога центарот на бурата ќе помине преку земјата.
This is Burnt Ground Santa Cruz in Jamaica now!
— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) October 28, 2025
(Hurricane Melissa)
pic.twitter.com/fLSPk3PZMQ
Премиерот на Јамајка Ендру Холнес, се огласи неколку минути по ударот на ураганот, нагласувајќи дека фокусот веднаш ќе се пренасочи кон помош и обнова штом ќе помине најлошиот дел. Тој повика на поддршка, истакнувајќи дека за заздравувањето ќе биде потребна секоја рака која ќе биде од помош.
„Нема инфраструктура во овој регион, или можеби никаде во светот, што може да издржи ураган од категорија 5 без одредено ниво на штета. А за Јамајка, ураган од категорија 5, особено кога е директен и во зоната на удар, ќе предизвика катастрофална штета“,
изјави Холнес за Си-ен-ен.
Во меѓувреме, компанијата „Старлинк“ во сопственост на Илон Маск, објави дека нејзините сателитски интернет услуги ќе бидат бесплатни на Јамајка и Бахамите до крајот на ноември за да помогнат во спасувањето и обновата.
Според официјалните податоци, отприлика една третина од населението на Јамајка останало без електрична енергија, додека властите сè уште ги проценуваат размерите на штетата.
