Покрај актуелниот и поранешниот премиер, на јубилејот на ДУИ присуствуваа и други владини министри, како и градоначалници
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ја одржа главната манифестација по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето.
За време на прославата свој говор имаше и партискиот лидер Али Ахмети, а потоа следуваше и музички дел.
На манифестацијата присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.
ДУИ деновиве го одбележува јубилејот со повеќе активности, па така вчера на плоштадот „Илирија“ во Тетово се одржа голем концерт.