На местото на несреќата е и Ислам Абази, првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК)
Државниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со тим од обвинители во моментов е на местото на несреќата во Кочани, известува екипата на „360 степени“ од терен.
На местото на несреќата е и Ислам Абази, првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Во меѓувреме, од Обвинителството информираат дека републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски формирал тим од пет обвинители кој ќе раководи со истражните дејствија во Кочани. Тимот го сочинуваат петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје.
„Обвинителите заедно со останатите надлежни служби се на терен“,
информираат од Обвинителството.
Во поглед на идентификација на жртвите, како што додаваат од Обвинителството, сè уште е рано.