Француската полиција беше принудена да употреби солзавец откако ексалираа демонстрациите против задолжителната вакцинацијата за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица, но и забраната за влез во локали, ноќни клубови, кина и театри за невакцинираните.

Медиумите јавуваат дека полицијата се судрила со демонстрантите откако тие нападнале полициско возило во кое биле неколку припадници на безбедносните сили.
На протестите предводени од крајната десница, демонстрантите против новите епидемиолошки мерки носеле транспаренти на кои пишувало „Стоп за диктатурата“.
Министерството за внатрешни работи излезе со проценка дека на територијата на целата држава демонстрирале над 150 илјади Французи, додека во главниот град, својот револт го изразиле преку 10 илјади парижани.
Инаку, многу големо мнозинство Французи (76 отсто) ги одобруваат мерките кои ги предложи претседателот Емануел Макрон.
Во обид да се запре прогресијата на делта варијантата на вирусот, Макрон на 12 јули претстави серија мерки, што делумно влегоа во сила во средата. Иако потврдата за вакцинација веќе се бара за влез во објектите во кои се одржуваат културно-забавни настани, мерката треба да се прошири на кафулињата, рестораните и возовите и ќе важи од почетокот на август.
Според решенијата кои ги предложи францускиот политички врв, а се на усвојувањето во Сенатот се отвора патот за отпуштање на работници во установи отворени за јавноста кои одбиваат да имаат здравствен пасош-односно целосна вакцинација. Предлог-законот, исто така, предвидува задолжителна вакцинација за негуватели, медицински персонал, пожарникари и професионалци кои работат со стари лица.