Изминатите денови регионалните медиуми шпекулираа дека Додик се наоѓа во Израел, Белград или Бања Лука
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого судот во Босна и Херцеговина издаде налог за апсење, синоќа пристигна во Москва, од каде што преку видеопорака на социјалната мрежа Икс се обрати до јавноста, пренесува босанки Н1.

„Пристигнав во Москва. Секој мој престој тука го започнувам со посета на Споменикот на непознатиот војник оддавајќи им почит на 28 милиони Руси што загинаа во Втората светска војна. Повторно ќе бидам тука на 9 мај, на покана на рускиот претседател за да ја одбележиме 80-годишнината од победата над фашизмот“,
рече Додик.
Во видеото Додик го опишува Путин како светски историски лидер, која ја реформирал Русија и е првиот што се впуштил во борбата против глобалната елита.
„Во таа борба заедно со Путин сега е и американскиот претседател Доналд Трамп“,
кажа тој.
Инаку, изминатите денови регионалните медиуми шпекулираа каде се наоѓа Додик, односно дали е во Израел, Белград или во Бања Лука.
Минатата недела тој беше во Израел, од каде што замина во четвртокот кога беше прогласен за непожелен на конференцијата посветена на борбата против антисемитизмот. Потоа, како што велат српските медиуми, не се знаеше на која локација се наоѓа Додик.
➡️ Стигао сам у Москву. Сваки мој боравак овдjе почињем посјетом споменику Незнаном јунаку како бих одао пошту 28 милиона страдалих Руса у Другом свјетском рату.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) March 31, 2025
➡️ Овдjе ћу бити поново 9. маја на позив предсједника Руске Федерације Владимира Путина на обиљежавању 80. гoдишњице… pic.twitter.com/CMd5jqYda8
Инаку, судот на Босна и Херцеговина кон крајот на февруари донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС.
По пресудата, парламентот на Република Српска усвои закони со кои ја забрани работата на повеќе државни институции на територијата на ентитетот.
Покрај Додик, налог за апсење има и за Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на РС и на Радован Вишковиќ, премиерот на Република Српска.
Интерпол сè уште нема одлука за нивна меѓународна потерница. Судот на БиХ го поднесе барањето за меѓународна потерница до канцеларијата на Интерпол во Сараево, а за да биде ефективна, меѓународната потерница треба да биде одобрена од централата во Лион.
Сепак, досега се чекаше одлуката на Интерпол, судот на БиХ активира нов случај против Додик поврзан со малверзации при купување на вила во Белград во 2007 година, преку тогашната Павловиќ банка.
Додик е повикан на сослушување на 2 април годинава под сомнение за перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба.
Но, како што пишува Н1, доколку не се појави на сослушувањето, се очекува да биде распишана нова меѓународна потерница.