Напаѓачот, како што пренесуваат хрватските медиуми, и самиот учел во училиштето и живеел во негова близина. По инцидентот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила
Деветнаесетгодишно момче со нож усмрти еден ученик, а повреди уште неколку деца и една наставничка во основното училиште „Пречко“ во Загреб, пренесува Хрватската национална телевизија (ХРТ).
Според информациите од хрватските медиуми, починатото дете има седум години, а повредени се пет деца.
Напаѓачот, пак, и самиот учел во училиштето и живеел во негова близина.
По инцидентот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила.
Повредените ученици и наставничката се итно пренесени во болницата „Свети дух“ во Загреб.
„Примени се неколку лица со тешки телесни повреди и исеченици по телото. Женското лице има убодни рани во пределот на градниот кош и беше подложено на итен оперативен зафат. Во моментот се наоѓа во животно загрижувачка опасност“,
се вели во соопштението од болницата, пренесува ХРТ.
Повредените деца се пренесени во болниците во Загреб.
„Едно од децата има седум, друго 11 години. Имаат повеќе убодни рани, но се надвор од животна опасност. Се вршат анализи со кои ќе се утврди дали на некое му е потребна операција. Детето кое со хеликоптер било пренесено во болницата во Дубрава, односно во нивниот хелиодром, е пренесено во КБЦ Загреб. Детето е надвор од животна опасност“,
информираат од Клиниката за детски болести во Загреб.
На местото на настанот има полициско обезбедување и амбулантни возила со докторски екипи.
На училишното игралиште слета и хеликоптер.
Helikopter se spustio na školsko igralište gdje se dogodio krvavi napad. #dnevnikhrhttps://t.co/kX79BGFhqd
— DNEVNIK.hr (@DNEVNIKhr) December 20, 2024
Во Хрватска денеска е последен учебен ден од првото полугодие за основците и средношколците.