Компаниите што оперираат во зоните три или повеќе години, сериозно размислуваат, не само да ја зголемат инвестицијата туку и зголемувањето да биде многу поголемо од иницијалното вложување. Тоа покажува дека очигледно деловната клима кај нас е поволна, а членството во НАТО сметам дека игра голема улога, во привлекувањето нови проекти на компаниите, истакна Деспотовски
Засега нема никакви индикации дека постои ризик или некаков проблем во снабдувањето со гас кај компаниите од технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и во моментов нема најави за евентуално намалување на капацитетите или за некакви временски решенија во однос на вработените поради скапата струја, изјави денеска на прес-конференција директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Тој нагласи дека за овој месец се најавени и три нови инвестиции.
„Со поголем дел од постојните инвеститори, со повеќе од половината кои се во земјава подолго време, сме склучиле договори за нови капацитети. Овој месец се најавени и три нови инвестиции кои посебно ќе бидат презентирани. Компаниите кои оперираат во зоните три или повеќе години, сериозно размислуваат, не само да ја зголемат инвестицијата, туку и зголемувањето да биде многу поголемо од иницијалното вложување. Тоа покажува дека очигледно деловната клима кај нас е поволна, а членството во НАТО сметам дека игра голема улога, во привлекувањето нови проекти на компаниите“,
истакна Деспотовски.
Тој напомена дека бројот на вработени во зоните од почетокот на годинава досега е зголемен за 12 проценти.
