Според претседателот на партијата, Џорџ Симион, сертификатот за ковид е неефикасен и неуставен, а протестот е организиран за да се каже „не“ на мерките за кои сметаат дека не ги решаваат постојните проблеми

Демонстрантите се обиделе насилно да влезат во романскиот парламент за да ги спречат романските застапници да изгласаат задолжително воведување ковид-потврди за вработените, поради што го блокирале сообраќајот и искршиле неколку автомобили во Букурешт, јавуваат тамошните медиуми.
Лицата што протестирале дошле до самиот влез на зградата од парламентот, прскајќи ги автомобилите со боја, поради што обезбедувањето морало да ги блокира влезовите.
Сепак, демонстрантите потоа си заминале, а полицијата не употребила сила.
На протестите се собраа поддржувачи на партијата „Алијанса за единство на Романците“, a тамошните медиуми јавуваат дека имало околу 2 000 до 2 500 демонстранти.

Според претседателот на партијата, Џорџ Симион, сертификатот за ковид е неефикасен и неуставен, а протестот е организиран за да се каже „не“ на мерките за кои сметаат дека не ги решаваат постоечките проблеми.