Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, демократија и сигурна иднина и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест за да биде подобро.
Ова во видеообраќање го порача носителката на листата од СДСМ во третата изборна единица, Сања Лукаревска, која вели дека секојневно е меѓу граѓаните и ги слуша нивните идеи, сугестии и критики.

„Но во суштина тоа сме ние, истите тие што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш нè обединувале – и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме”,
рече Лукаревска.
Таа вели дека СДСМ е одговорна партија, не манипулира, не продава бесперспективни илузии кои, како што рече, ја разградуваат државата однатре и ѝ ја ослабуваат позицијата надвор.
„Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај. Да не дозволиме она што го изградивме заедно да се урне за само еден ден, да се вратиме назад – на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Сѐ е јасно, сѐ е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно”,
порача Лукаревска.