Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони
Четири лица загинаа, а 19 се повредени како последица на невремето кое денеска го зафати Истанбул.
Една од жртвите е странска државјанка, а од повредените три лица се со сериозни повреди.
Причинета е и материјална штета. Ветерот, кој достигна брзина од 130 километри на час, откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.
Според новинската агенција „Анадолија“, најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир.
Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат и траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.
