На денот на национална жалост, седницата на преодната влада на Бугарија започна со едноминутно молчење
Денешниот ден е ден на национална жалост во Бугарија, во чест на жртвите во пожарот во дом за стари лица во селото Ројак и во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“, јави БГНЕС.
Во чест на загинатите, знамињата на сите државни институции во текот на денешниот ден ќе бидат на половина копје. Властите им изразуваат сочувство на роднините на загинатите.
На денот на национална жалост, седницата на преодната влада на Бугарија започна со едноминутно молчење.
Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, рече дека ова е ден на сеќавање на жртвите – девет бугарски државјани кои загинаа во пожарот во домот за стари лица кај Варна и државјаните на Република Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот „Струма“.
„Во време на тешкотија, да го изразиме нашето сочувство за членовите на семејствата и роднините на жртвите“,
рече Јанев.