
Над 1 000 жртви и стотици повредени е најновиот биланс од силниот земјотрес што синоќа го погоди Мароко, јави Би-би-си. Спасувачите сè уште трагаат по преживеани под урнатините.
Бројките постојано растат, а светските медиуми објавија и видеа од урнатините во кои се најде Маракеш, чии жители ноќта ја поминаа на улица.
Земјотресот со јачина од 6,8 степени што го погоди Мароко бил со епицентар во планините Атлас, на околу 72 километри југозападно од Маракеш, град со околу 840 илјади жители и популарна туристичка дестинација.
Засега нема информација за настрадани македонски државјани. МНР соопшти дека двајца нашинци се евакуирани во камп во Маракеш и тие утревечер ќе патуваат за Мадрид.