Како сигурносна мерка, надлежните за Браната ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа е можно нивно излевање на одредени места, информираат од регионалниот ЦУК

Обилните врнежи од дожд го зголемија дотокот во браната „Калиманци“, информираат од регионалниот Центар за управување со кризи.
„Добиено е известување од водостопанство ‘Брегалница’ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови дојде до зголемување на дотокот во брана ‘Калиманци’. Во моментот, дотокот на вода е 25 кубни метри во секунда со тенденција да расте. Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво. Како сигурносна мерка, надлежните за браната ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места“,
информираат од регионалниот ЦУК од Кочани.
Исто така, од ЦУК информираат дека имаат на патниот правец Долни Подлог – Облешево, во близина на оранжериите „Зелена куќа“, водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Од Центарот за управување со кризи велат дека полицијата е известена за да реагира навремено и да го обезбеди мостот.
Од ЦУК велат дека ситуацијата во кочанско се следи тековно и дека навремено ќе информираат доколку има нови промени со состојбата со водотеците.
