Инцидентот се случил на Елбургервег, а на местото на настанот веднаш биле испратени големи сили за итни интервенции, вклучувајќи неколку амбулантни возила и три медицински хеликоптери

Тешка несреќа се случила во холандскиот град Нунспeт вечерва кога автомобил удрил во луѓето собрани за време на традиционалната светлосна парада.
Според последните информации, најмалку девет лица се повредени, од кои тројца потешко. Настанот бил веднаш прекинат, а бројни служби за итни случаи се на местото на настанот.
🚨🇳🇱 Al menos 10 personas resultaron heridas luego de que un conductor embistiera con su vehículo a una multitud en Nunspeet, Países Bajos, informaron autoridades.
— Global Network News 🌎 (@iluminnatii) December 22, 2025
Servicios de emergencia atendieron a los lesionados mientras la policía investiga las causas hoy mismo!!! pic.twitter.com/qwsdSqkuBo
Инцидентот се случил на Елбургервег, а на местото на настанот веднаш биле испратени големи сили за итни интервенции, вклучувајќи неколку амбулантни возила и три медицински хеликоптери. Регионалните медиуми „Омроеп Гелдерланд“ и „РТЛ Ниус“ објавија дека автомобил се забил во луѓето што ја гледале парадата. Фотографиите од местото на настанот ја покажуваат улицата преполна со возила за итни случаи.
Полицијата, на социјалните мрежи, ја опиша несреќата како сериозна. Во подоцнежна објава, тие потврдија дека девет лица се повредени, од кои тројца сериозно.
„Во овој момент, се чини дека немало намера. Во тек е детална истрага за точните причини за несреќата“,
соопшти полицијата.
Состојбата на повредените сè уште не е позната, а властите сè уште не потврдија дали некој е уапсен.
По несреќата, организаторите на годишната светлосна парада, која традиционално поминува низ четири села, објавија на Фејсбук дека настанот повеќе нема да продолжи низ Нунспет поради инцидентот.
