Дел од прегазените луѓе се во критична, а дел во сериозна состојба. Не е позната здравствената состојба на возачот, како и евентуалниот мотив
Полицијата сè уште трага по лицето што пукало во возачот. На видеа што ги објавија дел од медиумите во САД може да се види како дел од толпата го напаѓа возачот и насилно го вади од возилото
Седум лица се водат како критични, а уште шест други како пациенти во сериозна состојба. Тоа е досегашниот епилог откако автомобил се заби во поголема група луѓе кои чекале пред диско-клуб во Лос Анџелес, САД. Инцидентот се случил околу 2 часот по локално време, а најголем дел од повредените се жени.

Од полицискиот оддел на Лос Анџелес (ЛАПД), пренесува Би-би-си, изјавиле дека кога пристигнале наишле на група луѓе кои го тепале возачот, надвор од возилото „нисан верса“. Еден од напаѓачите дури и пукал во возачот.
Дел од сцените од нападот над возачот, како и справувањето на итните служби со последиците, може да ги видите на видеото подолу.
About 30 people were hurt early Saturday when a driver plowed into a crowd waiting in line outside an East Hollywood nightclub, according to police.https://t.co/pjUUKukNbT pic.twitter.com/qQxsyIctg6
— NBC Los Angeles (@NBCLA) July 19, 2025
Возачот бил пренесен во болница, за операција. Неговата состојба, засега, јавно не е позната.
Според полицијата и сведоците, возилото минало низ тезга за тако, паркомат и потоа удрило во луѓето. Собрани биле за реге/хип-хоп настан кој се одржувал во дискотеката. Дел од американските медиуми пренесуваат дека возачот бил пијан или под дејство на други супстанции.