Пожарот во болницата избил со голема брзина, пред околу еден час, изјави вечерва градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која рече дека засега нема информации за жртви.
„Информирана сум дека толку брзо се случило. Немам други информации за можни жртви, тоа официјално ќе бидеме информирани. Апсолутно жалам многу, болни луѓе тука биле на лекување“,
вели Арифи.
Таа вели дека за состојбата на пациентите и каде се евакуирани, исто така, дополнително ќе се добијат информации и од болницата и од полицијата.
Пожарот изби околу 21 часот во модуларната болница каде беа сместени ковид-пациенти. Во гаснењето и евакуацијата покрај пожарникари, учествуваат и здравствените работници, но и голем број на граѓани.