Потпретседателката на владејачката ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за тоа дали државата може да се остави без контрола на извршната власт, односно да функционира без парламент, доколку нема избори во текот на летото.
„Секако дека всушност мислам дека целата оваа ситуација донела до ограничување на многу прашања кои се однесуваат на човековите права и слободи, но имајќи го предвид фактот дека предизвиците со кои ќе се соочиме по завршувањето на оваа прва фаза на пандемијата ќе бидат исклучително тешки. Не мислам дека би било пожелно уште долго време да останеме во ситуација со започнати и незавршени избори, само со Bлада која ги тера процесите и сметам дека можеби треба да се видат можностите и доколку се создадени условите изборите да се одржат пред почетокот на интензивното лето“,
вели Арифи.
Арифи рече дека ставот на ДУИ е дека се за избори кои ќе се одржат што поскоро.
„Нормално дека ова не зависи само од нашата волја и нашата подготвеност да се има избори, на пример веднаш по завршување на вонредната состојба туку зависи од тоа како ќе се изјаснат надлежните органи и институции кои ја следат здравствената ситуација. Така што за нас како политички субјект, првенствено и најважно ни е здравјето на нашите граѓани. Во меѓувреме нормално ние како политичка партија сме заинтересирани за да продолжи и да се заокружи почнатиот процес на подготовки на изборите. Но за нас здравјето на граѓаните е на прво место, што подразбира дека нормално за ова прашање важно е да се изјасни надлежната институција за заразни болести и сите тие институции кои се повикани да дадат нивна проценка дека изборите може да се одржат и под кои услови всушност може да се одржат. Ние како политичка партија сме за да имаме нормално избори, но со конечна одлука на здравствените институции на јавното здравје кои ќе дадат проценка со одговорност дека изборите нема да бидат ризик за здравјето на граѓаните“,
вели Арифи.
