Потпретседателката на владејачката ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, во интервју за „360 Степени“ одговараше на прашање за тоа дали партијата го поддржува ставот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, според кого изборните активности треба да продолжат по завршувањето на вонредната состојба, согласно уредбата на Владата.
„Претседателот на Собранието пред се е процедурална личност и јас секогаш сум го ценела како извонреден процедурален човек почитуван во овој правец. Значи ние како политичка партија не сме тие кои му посочувавме на претседателот на Собранието како да се однесува. Напротив, ние се водиме од правната линија кој тој ја следи во неговите процедури затоа што мислиме дека Законот е над сите политички партии. Но секако ако уставната и процедуралната линија е оваа сметаме дека ќе се следат тие законски патишта кои произлегуваат како обврска од законите и Уставот. Уште еднаш сакам да подвлечам дека над се тука е тој момент на проценка од страна на компетентните здравствени институции во врска со можноста за продолжување на многу процеси кои сега се заостанати процеси заради многу едноставна причина, бидејќи нормално СЗО прогласи пандемија и светските резултати и податоци покажуваат дека всушност беше една многу ризична пандемија која не е завршена, но ќе се најдат патиштата на соживот и е голема среќа и резултат на општата дисциплината на сите нас што успеавме да ја намалиме линијата на раст и во ситуација за нашите здравствени органи и нашите здравствени институции да може да се соочат со болеста“,
вели Арифи.
