Десетици милиони Пакистанци се принудени да ги напуштат своите домови бидејќи цели села исчезнаа, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки од местото на настанот кои ја прикажуваат ситуацијата во таа земја
Пакистанскиот министер за надворешни работи изјави дека катастрофалните поплави што ја погодија неговата земја се „катастрофа од размери што никогаш досега не ги видел“, бидејќи бројот на загинати надмина 1 000.
Десетици милиони Пакистанци се принудени да ги напуштат своите домови бидејќи цели села исчезнаа, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки од местото на настанот кои ја прикажуваат ситуацијата во таа земја.
Едно видео особено ги шокираше корисниците на социјалните мрежи- целата зграда само се лизна во бездната, оставајќи пустош зад себе, додека луѓе шокирани гледаа што се случува околу нив.
Министерот за надворешни работи Билавал Буто Зардари зборуваше од својот дом во провинцијата Синд, југоисточен Пакистан, опустошената од поплавите:
„Околу мене има вода, вода и повеќе вода. Нема многу суво. Претрпевме разорен монсун со поплави кои траат од крајот на јуни“,
додаде тој.
Тој нагласи дека ваква катастрофа досега не видел.
Повеќе од 20 од 30 области се погодени од катастрофата. Тоа е област во која живеат 48 милиони луѓе. Околу 33 милиони домаќинства беа раселени или погодени од поплавите.







„И претходно сме доживеале поплави и монсуни, но ова навистина не проголта“,
рече министерот.
Бројот на загинати достигна 1 061, соопшти Националната управа за управување со катастрофи.
Министерката за животна средина Шери Реман ја опиша моменталната ситуација како „сериозна климатска катастрофа“, додека воените команданти ја нарекоа „уништување без преседан“.
Премиерот Шахбаз Шариф, за ова вината ја посочи кај климатските промени.
Она што придонесе за поплавите и оваа катастрофа, според мештаните, била самата локална самоуправа.
Како што се наведува, тие дозволиле да се градат хотели на брегот на реката, кои ги пресекле природните речни патеки и ги пренасочувале надојдените води директно во селата.