Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на турнеја во земјата, при средба со публиката, доби шлаканица од еден посетител, јави дописникот на МИА. По инцидентот, уапсени се две лица. Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција.
Сакајќи да се поздрави со присутниот народ, едно лице, извикувајќи „Долу Макронија” и претставувајќи се како анархист, му удри шлаканица на францускиот претседател. Набрзо обезбедувањето реагираше и го совлада напаѓачот, а Макрон потоа ја продолжи својата посета.
JUST IN – President #Macron slapped in the face during #France tour.pic.twitter.com/Zcu0N4lk3C
— Disclose.tv ? (@disclosetv) June 8, 2021