Драги гледачи, го гледате дербито помеѓу тимовите на „Победа“ и „Fitore“ (Победа на албански јазик). Така почнува еден од најновите предизборни спотови на владејачката ДУИ со кои партијата ја промовира својата идеја за премиер Албанец.
По првите кадри, гласот на коментаторот вели:
„Натпреварот почна, но тука има нееднаквост. „Победа“ има седум играчи на теренот против еден играч на „Fitore“. Ова не е во ред, ова е неправедно. Резултатот може да се предвиди“,
вели „коментаторот“ во предизборниот спот на ДУИ.

И додека течат кадрите како „Победа“ ја полни мрежата на „Fitore“, коментаторот прашува:
„Но почекајте, што се случува на теренот? Засилување доаѓа за тимот на „Fitore“ и силите се изедначија“,
Меѓу засилувањето на екипата на „Fitore“ е и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Почнува да се бори без топка а потоа дава и голови.

„Публиката е на нозе , екипата на „Fitore“ се опоравува и се движи кон нерешено, зошто да не и победа. Гооол и натпреварот завршува со заслужено нерешено. Каква игра, каков пресврт на резултатот, пријатели.
вели „коментаторот“ во спотот.
Откако натпреварот завршува нерешено, екипите на „Победа“ и „Fitore“ пријателски се поздравуваат. Спотот завршува со слоганот
„Време е за првиот премиер Албанец“
Видеото можете да го видете во линкот подолу
Уште пред почетокот на изборната кампања, ДУИ се обидуваше на повеќе начини да ја промовира својата кампања за премиер Албанец. Еден од нив, кој успеа да предзвика реакции во јавноста, беше светлечката реклама на скопското Кале.