Рама, како и во некои претходни ситуации, клекна пред италијанската премиерка, што ја насмеа италијанската шефица на владата

За време на нејзината посета на Албанија, италијанската премиерка Џорџа Мелони разговараше со домаќинот Еди Рама. Средбата меѓу Мелони и Рама беше обележана со еден необичен детаљ.
Рама, како и во некои претходни ситуација, клекна пред италијанската премиерка, што ја насмеа италијанската шефица на владата.
„Не, Еди“,
му рече Мелони низ смеа.
„Тој го прави тоа за да биде помал од мене“,
додаде таа, по што следуваше срдечна прегратка.
⚡️ Albanian PM Edi Rama welcomes Italy's Meloni, kneeling before her. pic.twitter.com/QkVpoROoGW
— War Intel (@warintel4u) May 16, 2025
Рама, исто така, клекна пред Мелони во јануари оваа година, кога ѝ го честиташе роденденот.
Edi Rama – Giorgia Meloni – Abu Dhabi – Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9
— News video (@Newsvideo13) January 15, 2025
Мелони и Рама разговараа за низа теми, вклучувајќи го и кампот за мигранти што се гради во Ѓадер, во регионот Лежа. Во него привремено ќе бидат сместени мигранти од трети земји што се враќаат од Италија додека се проверуваат нивните документи.
Зборувајќи од Тирана, каде што присуствува на состанок на Европската политичка заедница, Мелони рече дека не го посетила кампот во оваа пригода, но дека работата таму напредува брзо, што укажува дека сè е на вистинскиот пат.
На прашањето дали поминала покрај центарот за мигранти, таа одговори:
„Немав време. Работата продолжува и покажува колку брзо се одвива сè, што потврдува дека, како што ветивме, одиме во вистинската насока.“
Мелони се осврна и на војната во Украина, велејќи дека Европската Унија мора да инсистира на безусловно примирје и сериозен мировен договор што би вклучувал безбедносни гаранции за Киев.
„Не смееме да бараме алтернативи. Мора да инсистираме на сериозни мировни договори и безусловно примирје, со безбедносни гаранции за Украина. Работиме на тоа“,
рече Мелони.