Екипа на министерството и други тела успеале да ја фатат ајкулата, се вели во соопштението и се додава дека локалните власти издале забрана за пливање, нуркање и други спортови на вода на неколку плажи во близина на местото на нападот
Руски државјанин е убиен во напад на ајкула во близина на плажата во египетското одморалиште Хургада на Црвеното Море, соопштија вчера рускиот генерален конзулат во градот и два египетски безбедносни извори. Египетското Министерство за животна средина во соопштение на Фејсбук соопшти дека ајкула е одговорна за смртта на посетител на плажа без да даде детали за жртвата.
Екипа на министерството и други тела успеале да ја фатат ајкулата, се вели во соопштението и се додава дека локалните власти издале забрана за пливање, нуркање и други спортови на вода на неколку плажи во близина на местото на нападот, пишува Ројтерс. Тигарската ајкула била извлечена од морето, а набрзо била убиена.
#Hurghada #egypt #SharkAttack
— ?Egypt For Ever? (@RedaElsayed__) June 8, 2023
The shark has been caught pic.twitter.com/PZvEJMXOn1
Нуркач кој пристигнал на местото веднаш по нападот изјавил дека луѓето притрчале да ѝ помогнат на жртвата, но не можеле да стигнат до него навреме. Руската новинска агенција ТАСС објави дека убиениот е Русин роден 1999 година, кој живеел во Египет и не бил турист.
Конзулатот ги повика руските туристи да бидат внимателни додека се во вода и строго да се придржуваат до сите забрани за капење поставени од локалните власти.