Коци е пред парламентот при секој обид за конститутивна седница. Минатата недела тој дојде на протест со магариња
Ја потстрижа косата пред камери, а потоа им даде изјава на новинарите. Косовскиот адвокат Арианит Коци со недели протестира оти Косово не може да го конституира собранието.
„Државноста на Косово ни е загрозена, па нашите пријатели и непријатели се убедуваат дека не сме способни да одржуваме држава. Ова веќе не е политика, туку влегува во категоријата параполитика. Затоа, барам собранието веднаш да се формира денеска, а овој протест не е само за политичарите и пратениците, туку и за сите луѓе што заспале и се во колективна депресија. Не заборавајте – без собрание нема демократија, без собрание нема економски и социјален развој, без собрание нема држава“,
рече Коци.
Коци е пред парламентот при секој обид за конститутивна седница. Минатата недела тој дојде на протест со магариња.

Инаку, денеска, по 50. пат има обид за конститутивна седница, која е во тек.