Во вечерашното издание на емисијата „360 степени“:
– Додека Обвинителството и Антикорупциската комисија ја собираат документацијата за софтверот набавен од Рашковски што никој не го користи, се обидовме да дознаеме повеќе информации за фирмата што го добила тендерот „Инвока гроуп“;
– По честите различни изјави од надлежните за нарачани, договорени и очекувани дози, прашавме во Министерството за здравство дали знаат колку вакцини и од кои производители ќе стигнат, ако не на месечно, тогаш барем на квартално ниво;
– Дали прекина, барем делумно, бојкотот на пописот во дијаспората – интервју со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски;
– „Саботажа“.