Ќе одговара ли некој за бегството на Сашо Мијалков? Зошто порано не бил побаран притвор? Кој му дојавил за одлуката на Судот? Зошто веќе нема приведени или барем запленети телефони? Дали и овој случај, како и за бегството на Никола Груевски, ќе заврши со заклучок дека и обвинителството, и судот и МВР постапиле законски, а Мијалков го нема?
Вечерва во „360 степени“ гостуваат шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, и директорката на Коалицијата „Сите за правично судење“, Натали Петровска.
Емисијата е емитувана на 22 февруари 2021 г. од 22 часот на ТВ Алсат.