Во вечерашното издание на „360 степени“:
-„Жал ми е и се извинувам што ја доведов јавноста во заблуда“ – директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за изјавата дека на пописот само лично може да се декларира етничка припадност, јазик и вероисповед;
-Анализа на дилемата – на кои граѓани мисли Уставот кога гарантира етнички права со проценти – на сите државјани или само на оние во земјава; И што кога пописот нема амбиција да ги опфати сите државјани;
-СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ заедно имаат повеќе членови отколку партијата на британскиот премиер Борис Џонсон: Дали клиентелизмот е единственото објаснување;
-Случајот од кратовско Куклица, кога полицајци апсеа полицајци поради групирање во време на ковид-19, со нови димензии: Откако учесник сведочеше за реваншизам на лична и партиска основа, петмина од апсените се прекомандувани во друго место;
-Зошто отворањето на „Лајка“ не ги помири Град Скопје и граѓанските активисти кои се грижат за бездомните животни;
-„Саботажа“.