Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (4 мај 2020 г.):
-пропадна најскапиот тендер годинава – главната причина банална;
-дали зад иницијативата на уставен судија за укинување на одлуката за распуштање на Собранието се крие нечиј политички план;
-дали Бугарија може да стане нова Грција за Северна Македонија на патот кон ЕУ – за „360 степени“ зборуваат бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и ко-претседавачот на историската комисија од македонска страна Драги Ѓоргиев;
-како оценуваат наставниците онлајн и како се полагаат испити на факултетите;
-од 52 илјади корисници на апликацијата „Стоп Корона“, 1 500 пратиле информација до властите дека се заразени со коронавирусот, а во реалноста не е така;
-„Саботажа“.