Во новото издание на емисијата ,,360 степени”, емитувано на 1 ноември 2021 г. на ТВ Алсат, се анализираат можните импликации од резултатот на локалните избори и оставката на премиерот Зоран Заев на мнозинството во Собранието и составот на Владата
Резултатот од локалните избори е извесен и тој, генерално, значи голема победа на ВМРО ДПМНЕ. Кај етничките Албанци, со исклучок на Тетово, исходот е помалку или повеќе очекуван. Она што не е извесно е што ќе се случува со власта на централно ниво откако Зоран Заев најави оставка од премиерската и лидерската позиција во СДСМ. Во следните денови ќе треба да стане појасно дали ќе опстои актуелното мнозинство во Собранието, иако изјавите што доаѓаат од партнерите на СДСМ досега се во прилог на опстанок, кој би бил мандатар за составување нова влада, би имало ли и други промени во владата – какви или можеби тасот ќе натежне кон ВМРО-ДПМНЕ? Ова се прашањата за кои дебатираат аналитичарите Петар Арсовски и Александар Кржаловски. Објавуваме и неколку теренски стории.